Барак Обама ја откри најголемата грешка во својот мандат
Претседателот на САД Барак Обама потврди дека ја смета за своја најголема грешка во својата политика воената интервенција во конфликтот во Либија, каде како резултат на војната сега „владее хаос“.
„Јас и пред сум велел дека ја сметам за своја најголема грешка во надворешната политика интервенцијата во Либија во составот на меѓународната коалиција“, рече Обама.
Според претседателот на САД, изворот на овие грешки е недостатокот на релевантни информации за донесување одлуки.
Како резултат на тоа, политичарите треба направат избор врз основа на претпоставки, објасни претседателот.
Обама потсети дека земјите од НАТО ги поддржуваат бунтовниците, кои воделе борба против режимот на Моамер Гадафи.
Слично
