Барајќи поевтина работна сила, „H&M“ ќе се сели во Етиопија
Во потрага по поевтино производство, шведскиот производител на облека „H&M“, најави отворање на фабрика во Етиопија.
Производството на шведската компанија, која е втора по големина во светот во овој сектор, во голем дел се одвива во Азија. Околу 80 проценти од вкупното производство е сместено во Кина, Индија, Бангладеш и Југоисточна Азија.
Меѓутоа, меѓу 2004 и 2012 година платите во Кина се зголемени за 181 процент и тој раст продолжува. На тој начин, трошоците за производство на облека во Етиопија се двојно помали од оние во Кина, покажува моменталната статистика.
За компанијата „H&M“ Етиопија има и географска предност, со оглед на тоа што таа е поблиску до главните пазари во Европа, така што и трошоците за транспорт ќе бидат помали, а и роковите за испорака пократки.
Слично
