Економија, финансии, бизнис

Контакт

Банкротот на Lehman Brothers сеуште ги „храни“ ревизорите и адвокатите

Банкротот на Lehman Brothers сеуште ги „храни“ ревизорите и адвокатите
Банкротот од пред пет години на американската инвестициона банка Lehman Brothers, сеуште ги „храни“  правните и ревизорско - сметководствените компании , пишува " Фајненшл тајмс" . Според податоците на весникот, правниците и ревизорите имаат земено 3 милијарди долари од банкротот на компанијата , која беше четврта банка на Волстрит. Само во Њујорк, од средствата на Lehman Brothers Holdings Inc . биле исплатени за правни и други услуги над 2 милијарди долари , вклучувајќи ги и исплатите на правната фирма Weil , Gotshal & Manges, како и на експертите за реконструкција на долговите од Alvarez & Marsal . Седиштето во Лондон, на европската филијала на банката  исплатило 1 милијарда долари или околу 2,3 % средствата , кои требаше да им бидат вратени на доверителите. Експерти објаснија за весникот дека таквите износи се нешто нормално за големите банкарски институции , но трошоците продолжуваат да растат и конечната сума е непозната. Во Велика Британија провизиите за правниците и ревизорите на големите банкротирани банки и компании можат да стигнат од 4% до 9 % од долговите на доверителите . Банкротот на Lehman Brothers во септември 2008 година многумина аналитичари го оценуваат како почеток на светската финансиска криза. Банката беше основана во 1850 година.
Слично

Поврзани вести