Банкротираат фирми во Холандија
Во февруари во Холандија се прогласени најголем број банкроти на фирми во еден месец од 1981 година, откако се води евиденција таква евиденција, покажаа податоците на Централното биро за статистика. Бирото исто така наведува дека бројот на банкротите во последните три месеци е највисок во историјата и изнесува 680 стечаи месечно, не сметајќи ги фирмите во кои работи само по едно лице. Холандската економија е западна во криза поради мерките за штедење што го воведе Владата во обид да ги исполни европските буџетски прописи кои бараат земјите своите јавни дефицити да ги спуштат на ниво под три отсто од годишниот БДП.
Слично
