Банкрот после 450 години постоење: Тежок удар за позната германска пивара
Традиционалната германска пиварница Viechtacher поднесе барање за стечај по повеќе од 450 години работа!
Локалните медиуми јавуваат дека пиварницата од баварскиот град Фихтаф веќе извесно време се бори со проблеми.
- Компанијата најде и нов инвеститор, но посакуваното финансирање не се оствари - наведува КА-Инсајдер.
Понудата од потенцијален инвеститор е повлечена во последен момент и тоа значи дека пиварницата повторно се соочува со огромни проблеми. Минатата недела работниците беа известени дека инвеститорот се откажал.
Локалните медиуми пишуваат дека бизнисот засега треба да продолжи непроменет, но што ќе се случува понатаму со пиварницата е неизвесно. Обезбедена е и набавка на пиво за планираните фестивали.
Пивара Viechtacher е основана во 1553 година.
Прогнозите за германската економија, да потсетиме, не се добри, банкротите од ден на ден се зголемуваат, а кризата изгледа нема крај.
Izvor: merkur.de