Банките на Кипар се враќаат во нормала
Во својот нормален распоред полека но сигуро се враќаат банките во Кипар, по релативно мирниот прв ден во кој институциите ги отворија своите врати по воведувањето на строгите ограничувања на протокот на капитал, со цел да го спречат неговиот одлив.
Мерките кои вклучуваат дневен лимит на извлекување на суми од 300 евра, забрана за реализирање на чекови од 1000 евра, влегоа во сила вчера, кога банките ги отворија вратите за прв пат по речиси две недели.
Строгите ограничувања кои се први од ваков вид во еврозоната, имаат за цел да го ограничат истекот на капитал од кипарските банки. Вчера, кога се отворија финансиските институции во Кипар за шест часа, ситуацијата на островот остана релативно мирна.
Претседателот на државата Никос Анастасиадис им се заблагодари на жителите на Кипар за нивната “зрелост“, која ја покажале додека чекале во редици пред банките.
Слично
