Банката на братучедот на Путин затворена за перење пари
Една од најголемите руски банки, Мастер - банк, беше затворена денеска од страна на Руската централна банка поради сомневањата за перење пари . Во одборот на директори и поранешен потпретседател на затворената Мастер - банк е братучедот на рускиот претседател, Игор Путин , објавија АФП и Интерфакс .
Во седиштето на банката биле спроведени претреси , а според извор од полицијата, случајот е покренат во 2012 година " Мастер - банк е 70-та банка во Русија на средства и 39. по приватни депозити.
Во соопштението, централната банка ја објасни одлуката со " повеќекратни прекршувања " на законот во однос на перењето пари и финансирањето на тероризмот . Банкарскиот асоцијација за гарантирање на депозитите најави дека ќе гарантира депозитите до 700 илјади рубљи .
Слично
