Банкарскиот гигант „Џи Пи Морган“ обвинет дека ги местел цените на струјата
Банкарскиот гигант „Џи Пи Морган Чејс“ ги местел цените на електричната енергија, обвини водечкиот американски енергетски регулатор.
Во рамки на истрагата, која ја покрена Федералната енергетска регулаторна комисија (ФЕРЦ), во периодот од септември 2010 до 2011 година, утврдено е дека банката „Морган Чејс“ била вклучена „во пет манипулативни стратегии за доставување на понуди, со цел непрописно стекнување на уплата која е над пазарните стапки“, од независниот оператор на електричната мрежа во Калифорнија.
Но, според тврдењата на извори запознаени со ситуацијата, публикацијата на овој документ е „формалност“, а договорот вреден 400 милиони долари би требало да биде објавен во наредните неколку дена, и тој ќе стави крај на постапката.
Слично
