Банкарски реформи во Германија, Комерцбанк ќе подели 6 илјади откази
Вторaта најголема германска банка Комерцбанк објави дека до 2016 година има намера да го намали бројот на вработените за 12 проценти, со цел да се намалат трошоците и подобри работата на одделот за банкарството со граѓаните.
Банката ќе укине од четири до шест илјади работни места на неодредено време, а точниот број ќе биде утврден по разговорите со претставниците на работниците закажани во февруари. Комерцбанк во моментов вработува 56 000 работници , од кои 49 000 на неодредено време.
Со цел да се прилагодат на нови услови за бизнис средина, Комерцбанк ќе го продолжи работното време во канцелариите и ќе бараат вработените да работат во смени и на различни локации, изјави неименуван извор за германските медиуми. Некои работници ќе добијат помали плати, а дел од услугите ќе бидат дадени на надворешни лица.
Како и во другите европски банки, Комерцбанк имаче проблеми поради ниските каматни стапки, трошоците за построги регулативи и ризиците настанати од должничката криза во еврозоната.
„Кратењата се драматични, поголеми од оние кои беа спроведени во текот на интеграцијата на Дрезднер банк", истакна еден работниците, осврнувајќи се на спојувањето на двете банки 2009 година.
Слично
