Банкарската унија пред нов предизвик
Европскиот договор за формирање на фонд за спасување на банките во вредност од 55 милијарди евра се соочува со предизвик од страна на Европскиот парламент, кој тврди дека смислениот пакт од Германците ги нарушува основните закони на ЕУ, пишува Financial Times.
Во писмото до ротирачкото претседателство на Европската унија,Меѓувладин договор за Банкарскиот унија ЕП го смета за нелегален , бидејќи заобиколува утврдениот законодавен процес на ЕУ.
Односот кон Банкарскиот унија ги нагласува потешкотиите кои земјите членки на ЕУ ќе ги имаат, за да постигнат согласност во врска со неговата форма до пролет, кога ЕП ќе прекине со работа пред евроизборите.
На крајот на декември министрите за финансии на ЕУ го одобрија проектот за пактот, кој треба да ја зголеми довербата во кредиторите од регионот. Фондот сепак беше критикуван дека не е доволно голем. Министерот за финансии на САД, рече: "Ние не мислиме дека е доволно голем. Ние не мислиме дека е доволно брз. "
Фондот, кој ќе ги собира средствата од банките постепено ќе ги слее националните фондови во општ европски во една деценија, додека достигне 55 милијарди евра до 2026 година.
ЕП инсистира за поедноставување на процесот за донесување на одлуки во фондот, кој во некои случаи може да биде многу комплициран. ЕП сака посилна, поцентрализирана институција.
Друго барање на законодавците е Фондот да биде завршен во 2018 година, како и да има пристап до кредитна линија за своето финансирање кои позиции не се совпаѓаат со оние на Берлин.
K.K.
Слично
