Банкарите си направија свој „Фејсбук“!
Осум од најголемите инвестициски банки во светот ја стартуваат заедничката услуга за електронскакомуникација , која ќе се натпреварува со “четот во живо " на Bloomberg , пишува Financial Times. Британската аналитичка компанија Markit стана оператор на новата мрежа.
„Всушност станува збор за создавање на своевиден банкарски Facebook преку кој вработените на различни оддели на банките ќе можат да разменуваат деловна информации " , истакна претставник на британската Barclays Bank.
Инстант пораки во рамките на приватните мрежи станаа еден од главните начини за комуникација на финансиските пазари секој ден , за да се споделат информации за трговијата. Неодамна повеќето од овие мрежи работеа независно, но идејата за обединување на системите за пораки во обединета заедница еволуираше поради желбата на финансиските компании да ги намалат постојано растечките трошоци за ИТ, а без притоа да ја намалат информациската безбедност.
До моментов ваквата услуга обезбедуваше агенција Bloomberg , чии терминали овозможуваат размена на деловни информации во реално време на брокерите и дилерите. Во затворената банкарска група влегуваат европските банки Barclays , Deutsche Bank , Credit Suisse , американските Citigroup , Goldman Sachs , JP Morgan Chase , Bank of America , Merrill Lynch , Morgan Stanley , а исто така и информациската група Thomson Reuters и Markit .
Слично
