Економија, финансии, бизнис

Контакт

Банкар доби смртна казна

Банкар доби смртна казна
Поранешен виетнамски банкар и неговиот соработник се осудени на смртна казна поради проневера на 25 милиони долари, јавија денеска виетнамските светски медиуми. На судењето, кое траело осум дена, смртна казна му била изречена на Ву Квон Хау (58), поранешен менаџер на експозитурата на Банката за земјоделски и рурален развој (Agribank) и на Данг Ван Хаију (56), сопственик на едно претпријатие за изградба. „Казната им е изречена заради проневера на пари, лошо раководење, злоупотреба на положбата, што имало сериозни последици“ - пренесе државната телевизија. Во истиот процес уште девет лица се осудени на казни затвор поради кршење на правилата на работење, од три до 14 години. Осудените фалсификувале договори и така од април 2008 година до март 2009 година проневериле повеќе од 25 милиони долари, во земјата каде властите спроведуваат одлучна борба против корупцијата.  
Слично

Поврзани вести