Банка за сиромашните се отвара во Франција?
Во соработка со сопствениците на киосци за продажба на цигари и весници, Бурсораме Ле Бре, поранешниот директор на француската банка „Сосијете Женерал“ , ќе формира банка за сиромашни.
Според француските весници надзорниот орган за набљудување на активностите на банките и осигурувањето во Франција веќе ја одобрил новата банкарска услуга по електронски пат, во која се вложени 11 милиони евра. Со неа секој Французин ќе може да отвори сметка „Никел“ кај најблискиот продавач на цигари или весници.
„За отворање на сметка „Никел“ потребно се пет минути. Тоа ќе биде достапно за сите, без оглед на приходите, задолженоста или имотната состојба, без никаква дискриминација“, истакнаа Бре и Булануар.
Слично
