„Bank of America“ ќе проверува дали нејзините работници се експлоатирани
По смртта на германскиот приправник, Bank of America ќе ги проверува условите на работа. Составена е работна група која ќе ги провери "сите аспекти на оваа трагедија" и "да ни помогне да научиме нешто од неа", објаснија од лондонската филијала на банката. 21-годишниот приправник E. Мориц беше пронајден мртов минатата недела во бањата на станот, откако според извештаите во медиумите, работел неколку ноќи без престан во банката.
Овој смртен случај предизвика дебати за екстремно долгите часови на работа во финансискиот сектор во Лондон. Според извештаите во медиумите, младиот приправник страдал од епилепсија, но причината за неговата смрт ќе стане јасна по извештајот од обдукцијата за еден месец. Европскиот комесар за вработување, Ласло Андор изјави дека "трагичната смрт" на приправникот покажува како не треба да изгледаат праксите.
„Експлоатацијата на младите луѓе е неприфатлива", изјави Андор.
Според британскиот весник The Independent, Мориц има работено во лондонската канцеларија на Bank of America три последователни дена до шест часот наутро.Телото беше пронајдено во четвртокот наутро од цимерите на момчето во бањата. Весникот го пренесе сведочењето на други стажанти, кои живееле во иста куќа, според кои Германецот „не спиел осум ноќи во последните две недели."
„Ние сме длабоко шокирани и тажни поради", изјавија од банката. Германскиот приправник бил високо ценет од своите колеги и исклучително мотивиран. Тој е требало да има "светла иднина", се вели во соопштението.
Момчето студирало економија на престижен универзитет во Германија, а веќе ја завршен практиксата и во други врвни компании - вклучувајќи ги и консултантската компанија KPMG и Deutsche Bank.
Слично
