Бандата која ги киднапираше мисионерите на Хаити бара милион за секој од нив
Бандата од Хаити бара 17 милиони долари за ослободување на киднапираните мисионери
Групата која киднапираше христијанска група мисионери од Соединетите држави и Канада, бара откуп од милион долари за секој од 17-те луѓе. Бандата наречена „400 Мазово“ е позната по тоа што киднапирала група луѓе за откуп, наведува Би -Би -Си. Истата банда, киднапирала католички свештеници во април годинава, кои подоцна се ослободени, но не се знае дали за нив е платена откуп. Министерот за христијанска помош во Охајо во неделата кажа дека мисионери се киднапирани на Хаити, меѓу кои 16 Американци и еден Канаѓанец, кои биле во посета на сиропиталиште на Хаити кога е киднапиран автобус пред главниот град Порт о-Пренса. Од Белата куќа изјавија дека ФБИ работи со американскиот дипломатски тим на Хаити во обид да ги лоцира и ослободи киднапираните мисионери. Мисионерите работеле за Christian Aids Ministries, непрофитна организација со седиште во Охајо, која набавувала храна и облека за децата од Хаити и им обезбедувала сместување.
Фото EPA-EFE/Richard Pierrin
