Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бан Ки Мун го осуди уништувањето на културните споменици од страна на „Исламска држава“

Бан Ки Мун го осуди уништувањето на културните споменици од страна на „Исламска држава“

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изрази огорченост од уништувањето на урнатините на античкиот град Хатра во Ирак од страна на групата „Исламска држава“.

Бан Ки Мун ги утврди активностите на екстремистите како воено злосторство и истакна дека е потребно брзо да се стави крај на овие настани.

„Генералниот секретар итно повикува меѓународната заедница да стави крај на ваквата терористичка дејност што е можно поскоро, а исто така да го спречи шверцот на предмети со културна вредност, како што бараат резолуциите 2170 и 2199 на Советот за безбедност“, изјавил на прес-службата на ОН.

Тој потсети дека остатоците на античкиот град Хатра се вклучени во списокот на светското наследство на УНЕСКО.

„Генералниот секретар нагласува дека намерно уништување на нашето заедничко културно наследство претставува воено злосторство и виновниците за тоа треба да одговаараат за тоа“, изјавил на прес-службата на ОН.

Покрај Хатра „Исламска држава“ уништи уште еден антички град во Ирак во текот на викендот - Дар Шарукин (Хорсабад). Пред тоа групата ги колабираше урнатините на античкиот град (Нимруд). Бан Ки-мун и генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова ги определија овие дејствија како воено злосторство.

Слично

Поврзани вести