Балтичките земји престанаа да увезуваат струја од Русија
По воведувањето меѓународни санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, рускиот извозник на електрична енергија ИнтерРАО во неделата ја загуби можноста за продажба на струја на балтичките земји.
„Ова е важен чекор на нашиот пат кон енергетска независност“, рече литванскиот министер за енергетика Даиниус Кревис за АФП.
Енергетската берза „Норд пул“ во петокот испрати известување до ИнтерРАО, според кое тргувањето во балтичките земји е забрането по воведувањето меѓународни санкции.
Со години, Летонија, Литванија и Естонија се стремат да постигнат енергетска независност од Москва преку зголемување на домашното производство на електрична енергија и градење мрежни интерконекции со Скандинавија и другите околни земји.
Како резултат на тоа, увозот на струја од Русија во Летонија и Литванија, кој претходно изнесуваше 1.300 мегавати годишно, минатата година падна на 300 мегавати, а сега е целосно запрен.
Латвија последен пат увезе руска струја на почетокот на мај, додека Литванија и Естонија престанаа да ја купуваат во неделата.
„Со одбивањето да увеземе руска енергија, ние одбиваме да го финансираме агресорот“, рече литванскиот министер.
Минатата година руската електрична енергија учествуваше со 17% од увозот на електрична енергија во Литванија.
