Балканска земја со полиграф ќе ги контролира политичарите
На дневниот ред на Општинското собрание во Горни Милановац, во Србија, се најде барање од буџетските резерви да се наменат за итно купување на полиграф , со цел да се намалат лагите и злоупотребите на службената должност.
Предлогот за полиграфот доаѓа од Душан Ѓуровиќ, шефот на пратеничката група на Демократската партија на Србија (ДСС).
Тој предлага ова да се однесува за сите локални политичари, министри и државни функционери кои доаѓаат во овој крај.
„Ним ќе им биде јасно дека нема веќе лаги! Народот конечно ќе дознае кој говори вистина, а полиграфот е единствениот начин кој брзо ќе се исплати. Подоцна можеме да го изнајмуваме и на други општини." - изјави Ѓуровиќ.
Слично
