Економија, финансии, бизнис

Контакт

Балканец во Париз седум години ја чувал мртвата мајка во куфер

Балканец во Париз седум години ја чувал мртвата мајка во куфер

Жител на Париз, седум години ја чувал мртвата мајка во куфер. 

Станува збор за 47-годишен маж со српско потекло. Тој е уапсен во вторникот во Париз, откако се пријавил во полиција дека го чувал трупот на својата мајка за да продолжи да ја добива нејзината пензија, јави дописникот на МИА.

Како што објави весникот „Ле Паризиен“,  човекот отишол во полициска станица и на полицаец му рекол дека неговата мајка починала во 2014 година, на 75-годишна возраст, во станот во 20-тиот арондисман, каде живеела сама. Тој објаснил дека боледувала од канцер и дека ќе умрела како резултат на болеста.

Во бањата од станот полицијата го нашла мумифицираното тело на мајката, сместено во куфер. Тој користел и пена за прикривање на непријатниот мирис.

Аутопсијата направена во форензичкиот институт во Париз, не открила траги од насилство, со што се исклучила тезата за намерно убиство. Според „Ле Паризиен“, полицијата верува дека човекот решил да ја открие својата тајна затоа што било наредено ислегување од станот и дека не знаел што да прави со мумијата.

Мажот е ослободен во средата во Париз, каде бил во полициски притвор скоро 48 часа поради прикривање на труп. Истрагите  продолжуваат под надлежност на обвинителството во Париз.

Слично

Поврзани вести