БАЈДЕН ЗАГРИЖЕН-РУСИТЕ ДОЗНАЛЕ ШТО НАПРАВИЛ: Протекоа информации, дали е откриена целта на Вашингтон?
Медиумите во САД ги објавија тајните разузнавачки податоци
на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) за планот за војната во Украина.
Во разговор со највисоките функционери на американското разузнавање и одбрана, американскиот претседател Џозеф Бајден ја истакна важноста на нивната работа, но исто така рече дека неодамнешните медиумски извештаи за размената на американското разузнавање со Украина се контрапродуктивни, изјавија двајца претставници на администрацијата цитирани од NBC News.
Во телефонскиот разговор во петокот со директорот на ЦИА Вилијам Барнс, директорката на националното разузнавање Аврил Хејнс и министерот за одбрана Лојд Остин, пораката на Бајден беше дека таквите откритија „го одвлекуваат вниманието од нашата цел“, рече еден официјален претставник.
Друг функционер рече дека Бајден рекол дека таквото истекување на информации „треба да престане“, наведива „Ен-би-си њуз“.
Бајден разговараше со официјални лица поради загриженоста во неговата администрација за медиумските извештаи, вклучително и овие американски телевизии, за размена на разузнавачки информации меѓу Вашингтон и Киев.
NBC News во четвртокот објави дека американските разузнавачки служби и помогнале на Украина да го потопи рускиот команден брод Москва минатиот месец.
Извештајот дојде откако Њујорк Тајмс во средата напиша дека Соединетите Држави му дале на Киев разузнавачки информации кои и помогнале на украинската армија да ликвидира некои руски генерали.
ФОТО: EPA/TING SHEN / POOL