Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бајден забрани увозот на морски плодови, вотки и дијаманти од Русија

Бајден забрани увозот на морски плодови, вотки и дијаманти од Русија

САД воведува нови санкции за Русија. 

Американскиот претседател Џо Бајден објави нови санкции против Русија и најави дека Г7 ќе воведе нови санкции за се поголем број на руски олигарси и нивните семејства.

Тој рече дека ќе се забрани увозот на морски плодови, вотки и дијаманти од Русија и извозот на луксузна роба во Русија.

Додаде дека САД ќе и го укине на Русија статусот „трајни нормални трговски односи“, а тоа значи дека САД ќе воведат царини на широка палета на руска стока.

„Додаваме нови имиња на пописот на олигарси и нивните семејства. Тие го поддржуваат Путин, крадат од рускиот народ и настојуваат да ги сокријат парите во нашите земји. Тие се дел од клептократијата која постои во Москва и мораат да бидат дел од овие санкции. Русија ќе плати висока цена“, рече Бајден. 

Американскиот претседател изјави дека и натаму ќе продолжат да го притискаат рускиот претседател Владимир Путин, затоа што тој е агресор.  Вели дека Русија ќе плати висока цена ако употреби оружје.

Поради санкциите руската економија ќе биде во криза, и БДП-то оваа година ќе се намали за 15 отсто. 

Слично

Поврзани вести