Бајден со нови санкции - вели Путин е агресорот
Aмериканскиот претседател Џо Бајден најави дополнителни санкции коишто „ќе наметнат сериозен притисок и штета за руската економија“ по нејзината инвазија врз Украина.
Новите санкции ќе бидат насочени кон руските банки, олигарси и високо-технолошки сектори.
„Путин е агресорот. Путин ја избра оваа војна и сега тој и неговата земја ќе ги сносат последиците“, рече Бајден.
Претходно, официјален претставник на американската одбрана рече дека Русија има „секаква намера“ да ја собори украинската влада со инвазијата на претседателот Владимир Путин врз соседната земја.
„Она што го гледаме се почетни фази на инвазија од големи размери“, изјави за новинарите висок функционер на Пентагон.
Во телевизиското обраќање пред зори од Кремљ, рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди другите земји да не интервенираат и рече дека ќе се соочат со „последици што никогаш не ги виделе“.
Слично
