Бајден се опоравува откако се зарази со коронавирусот
Здравствената состојба на американскиот претседател Џо Бајден се подобрува, а ковид-симптомите сè полесни.
Тој сега има помалку болки во грлото и кивање, помалку кашлање и помалку болки во телото. Ова го соопштил неговиот лекар Кевин О’Конор и кажал дека пулсот, крвниот притисок и температурата на Бајден се во нормални граници.
„Белите дробови на Бајден се сè уште „чисти“, а заситеноста со кислород е сè уште одлична на собниот воздух“, рекол тој, пренесе Ројтерс.
Коронавирусот досега уби најмалку 15 милиони луѓе во светот, како што соопшти Светската здравствена организација(СЗО). Во повеќето европски земји бројот на заразени со ковид расте. Грција беше на врвот во светот по бројот на заразени за една недела.
Слично
