Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бајден: САД наскоро нема да ги признаат Талибанците како нови водачи на Авганистан

Бајден: САД наскоро нема да ги признаат Талибанците како нови водачи на Авганистан

Соединетите држави нема да го признаат радикалното талибанско движење како нов водач на Авганистан во блиска иднина, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден по враќањето во Белата куќа по викендот поминат во Вилмгинтон, Делавер.

На новинарско прашање пред Белата куќа дали САД ќе го признаат владеењето на Талибанците во Авганистан, тој рече дека нема и дека тоа е „многу далечна опција“.

Минатата недела, портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека американската администрација не брза да ги признае Талибанците како нови водачи на Авганистан.

Талибанците влегоа во Кабул на 15 август и за неколку часа целосно ја презедоа контролата врз главниот град на Авганистан. Тие сега го контролираат поголемиот дел од земјата.


Слично

Поврзани вести