Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бајден: Путин погреши, денеска сме пообединети од кога и да било

Бајден: Путин погреши, денеска сме пообединети од кога и да било

Путин мислеше дека ќе ги раздели Европа и НАТО, но погреши, вели американскиот претседател Џо Бајден. 

Вели дека Финска денеска стана членка на НАТО, во напорите на Алијансата да биде „пообедината од кога и да било“. 

„Во мај 2022 година Финска и Шведска аплицираа за членство на НАТО. Двете земји се силни демократии со многу способни армии кои ги споделуваат нашите вредности и визии за светот“, изјави Бајден.

„Кога Путин ја започна неговата брутална војна на агресија против народот на Украина, тој мислеше дека може да ја подели Европа и НАТО. Тој погреши. Денеска сме пообединети од кога и да било, и заедно засилени од најновиот сојузник Финска – продолжуваме да ја чуваме трансатлантската безбеднст, да браниме секој сантиметар територија на НАТО и да ги надминеме секои и сите предизвици пред нас“, рече Бајден.

Финска стана 31-ва членка на НАТО. Русија најави дека ќе преземе мерки. 

„Пристапувањето на Финска во НАТО создава ризик од значително проширување на конфликтот“, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

Како што јави „Ројтерс“, тој на состанокот на раководството на руските вооружени сили рекол дека НАТО го зајакнува својот антируски курс.

Слично

Поврзани вести