БАЈДЕН ПОТПИША УРЕДБА ЗА САНКЦИИ КОН РУСИЈА: Се огласи со објавување фотографија! (ФОТО)
Одлуката забранува директен или индиректен увоз на стоки, услуги или технологија во САД од областа опфатена со одлуката...
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша извршна уредба со која се забрануваат инвестиции, трговија и финансирање што ќе ги вршат граѓаните на Соединетите држави со отцепените региони на источна Украина - чиј декрет за независност беше донесен од рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот.
-Потпишав извршна уредба со цел да ја спречам Русија да профитира од тешките прекршувања на меѓународното право. Ги продолжуваме консултациите со сојузниците, партнерите и Украина за следните чекори, напиша американскиот претседател на социјалната мрежа Твитер.
I have signed an Executive Order to deny Russia the chance to profit from its blatant violations of international law. We are continuing to closely consult with Allies and partners, including Ukraine, on next steps. pic.twitter.com/ZS81ivAPgs
— President Biden (@POTUS) February 22, 2022
Одлуката забранува директен или индиректен увоз на стоки, услуги или технологија од територијата на која се однесува одлуката,.
- Забрането е инвестирање во регионите на Украина наречени Доњецка и Луганска народна република. Секретаријатот за внатрешна безбедност ќе ја применува регулативата за лица кои не се државјани на земјата, а кои се опфатени со оваа процедура, се вели во соопштението на Белата куќа.
Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки во текот на вчерашниот ден изјави дека покрај споменатите, ќе бидат преземени уште мерки без оглед на санкциите што САД и нивните сојузници ги подготвуваат доколку Русија ја нападне Украина.
- Бајден остро ја осуди одлуката за признавање на таканаречените Доњецкa и Луганска народна република за време на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти Белата куќа.
Во посебна изјава на Белата куќа, исто така, се наведува дека претседателот Бајден, со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, разговарале за начините за усогласување на следните чекори во врска со одлуката на Русија.
Портпаролот на германската канцеларка изјави дека Германија, Франција и САД се договориле да реагираат на признавањето на отцепените региони на источна Украина.
Сепак, не е прецизирано дали западните сојузници одлучиле да воведат санкции кон Русија.
