Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАЈДЕН ПОТПИША РЕКОРДЕН ВОЕН БУЏЕТ: Вашингтон издвојува милијарди за да ја задржи Русија

БАЈДЕН ПОТПИША РЕКОРДЕН ВОЕН БУЏЕТ: Вашингтон издвојува милијарди за да ја задржи Русија

Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша воениот буџет на земјата за фискалната 2023 година во износ од околу 850 милијарди долари, соопшти Белата куќа.

– Законот вклучува одредби кои се од критично значење за поддршка на националната одбрана на нашата земја, надворешната политика, како и внатрешната безбедност – рече Бајден.

Документот, меѓу другото, предвидува издвојување на најмалку 800 милиони долари за помош на Украина во сферата на обезбедување безбедност и 6 милијарди долари за задржување на Русија во Европа.

Тој наведува дека Вашингтон ќе работи на исклучување на Русија од настаните на Г20 и низа други меѓународни организации. Документот предвидува и санкции за трансакции со Русија поврзани со златото, а исто така забранува размена на информации со Москва за противракетната одбрана.

Покрај тоа, буџетот предвидува 11,5 милијарди долари за одбранбено одвраќање во азиско-пацифичкиот регион. САД имаат намера да доделат десет милијарди долари за воена помош за Тајван.

Севкупно, одобрениот буџет е 45 милијарди долари повеќе од она што Белата куќа го побара на почетокот на годината. Вклучува и средства за американската разузнавачка служба, нови авиони, бродови, воени возила, како и модерни технологии.

Слично

Поврзани вести