БАЈДЕН ОДОБРИ ИСПРАЌАЊЕ КАСЕТНА МУНИЦИЈА ВО УКРАИНА: Забранета во 2008 година, три земји не ја потпишаа Конвенцијата
Американскиот претседател Џо Бајден одобри испраќање касетна муниција во Украина по едногласна препорака на неговиот тим за национална безбедност, објави денеска американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.
Тој рече дека тоа е „тешка“ одлука и дека претседателот на крајот ја донел одлуката „во консултација со сојузниците и партнерите и во консултација со членовите на Конгресот“, пишува Гардијан.
Касетната муниција, која првпат била користена за време на Втората светска војна, обично испушта голем број мали бомби и е позната по тоа што убива цивили.
Касетната муниција е забранета со Конвенцијата за касетна муниција од 2008 година, која САД, Русија и Украина не ја потпишаа.
Слично
