Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАЈДЕН ОДЛУЧИ! Америка тргна во одмазда по нападот врз американските војници во Јордан

БАЈДЕН ОДЛУЧИ!  Америка тргна во одмазда по нападот врз американските војници во Јордан

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека одлучил како САД ќе одговорат на нападот со беспилотно летало во кој загинаа тројца американски војници во Јордан, јавува Би-Би-Си. Бајден ова го изјави при напуштањето на Белата куќа и додаде дека „мисли дека нема потреба од проширување на војната на Блискиот Исток“.

Проиранската група Исламски отпор во Ирак ја презеде одговорноста за нападите во кои загинаа тројца американски војници, а други 34 беа повредени. Во моментот на нападот со беспилотно летало, американските сили се наоѓале во „Кулата 22“, база која е стратешки лоцирана во близина на јорданско-сириската граница.

Бајден не прецизираше каков би можел да биде одговорот на САД, но Белата куќа вети „многу конзистентен одговор“. Ова се првите американски жртви во регионот по избувнувањето на војната во Газа на 7 октомври. 


Иран негираше каква било вмешаност во нападот, но претходно американскиот претседател рече дека „го смета Иран одговорен во однос на снабдувањето со оружје на луѓето што го сториле тоа“.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести