Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бајден: Ќе ставам вето ако републиканците го усвојат законот за абортус

Бајден: Ќе ставам вето ако републиканците го усвојат законот за абортус

Американскиот претседател Џозеф Бајден вети дека ќе го искористи своето право на вето за да ги заштити правата на жените доколку републиканците освојат мнозинство во Конгресот на изборите следниот месец и усвојат нацрт-закон за забрана на абортусот низ САД.

Демократите на Бајден би можеле да го загубат своето мнозинство во Претставничкиот дом, можеби и во Сенатот, на среднорочните избори, наведува Ројтерс.

Доколку демократите имаат повеќе сенатори и ја задржат контролата врз Претставничкиот дом, Бајден рече дека во јануари ќе потпише закон со кој ќе се обезбеди правото на жените на абортус низ САД.

За законот да биде забранет, републиканците мора прво да го усвојат во Конгресот, но тој не може да стапи на сила доколку Бајден не го потпише.

Слично

Поврзани вести