БАЈДЕН ЌЕ БИДЕ НОВИОТ АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Пребојани 99 отсто од гласовите и во Пенсилванија
Џо Бајден е
речиси извесно дека ќе биде новиот претседател на Соединетите Американски
Држави. Кандидатот на демократите, веќе се подготвува да ја преземе функцијата
од неговиот се уште актуелен ривал, и претседател, Доналд Трамо, откако по
пребројување на 99 отсто од гласови во сојузната
држава Пенсилванија, тој има поддршка од има 49,64 отсто од гласачите, додека
Трамп има 49,21 отсто.
Фокс Њуз ја пренесува изјавата на Бајден во која тој вели дека граѓаните ја одбрале промената, и истовремено изрази очекување дека ќе добие близу 300 гласачки гласови. Со ова практично демократите по повеќе од две децении ќе победат во државите Аризона и Џорџија.
-Како што пренесува Си-Ен-Ен, Бајден веќе изјавил:
-Демократијата функционира, Американците можат да бидат неистомисленици и ривали, но не и непријатели. Сакам луѓето да знаат дека нема да чекаме да ја завршиме работата, изјави Бајден во обраќањето до нацијата.
Се обрати и до милиони Американци кои остануваат без работа и се борат да платат кирија или да купат храна, наведувајчи дека „немаат повеќе време за губење во партизанската војна.
