Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бајден доаѓа во Киев, а Тимошенко во Вашингтон не сака никој да ја прими

Бајден доаѓа во Киев, а Тимошенко во Вашингтон не сака никој да ја прими
Американскиот потпретседател Џo Бајден вечерва ќе стигне во дводневна посета на Украина, каде што ќе се сретне со привремениот украински претседател Олексндер Турчинов и премиерот Арсениј Јаценјук. Како што објави Белата куќа, Бајден ќе оствари средба и со украински парламентарци од различни политички партии и региони во Украина, како и со претставници на невладини организации. На средбите, со своите соговорници тој ќе разговара за напорите на меѓународната заедница за стабилизација и враќање на мирот во Украина, како и за зајакнување на украинската економија, а се очекува и да ја истакне пораката за неопходноста претстојните претседателски избори закажани за 25 мај да бидат слободни, фер и демократски. Во меѓувреме, украинската опозициска лидерка Јулија Тимошенко ја откажа посетата на САД, закажана за 23 април, затоа што во Вашингтон не успеала да договори средби со ниту еден од американските конгресмени, објавија украинските медиуми. Според информациите кои ги пренесува и руската агенција ИТАР-ТАСС, тимошенко сама ја откажала посетата на Вашингтон бидејќи ниту еден од конгресмените не покажал подготвеност да се сретне со неа, а дел дури и се обиделе телефонски да ја убедат да не се кандидира за претседател на претстојните избори во Украина. Минатата недела Тимошенко со писмо се обрати до Конгресот со барање САД да испратат „сеопфатна воена и техничка помош за Украина“.
Слично

Поврзани вести