Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАЈДЕН ДЕЦИДЕН: Путин згреши и нема поим што му се подготвува!

БАЈДЕН ДЕЦИДЕН: Путин згреши и нема поим што му се подготвува!

Американскиот претседател Џо Бајден одржа традиционален говор за состојбата на нацијата во Конгресот

Бајден во обраќањето до Конгресот рече дека руската инвазија на Украина не е предизвикана од ништо, а рускиот претседател Владимир Путин го нарече диктатор, додавајќи дека не очекува таков одговор од Западот.

„Слободата секогаш ќе ја победи тиранијата“, рече Бајден.

„Путин е поизолиран од светот од кога било“

„Војната на Путин беше однапред смислена и неиспровоцирана. Тој ги отфрли напорите во дипломатијата. Мислеше дека Западот и НАТО нема да одговорат. И мислеше дека може да не подели“, рече Бадjен. „Путин згреши. Бевме подготвени“, додаде тој.

„Путин сега е поизолиран од кога и да е од остатокот од светот, бидејќи тие се обединети во борбата против автократијата и демократијата“, рече Бајден, најавувајќи дека воздушниот простор на САД ќе биде затворен за руските авиони, како што правеа претходно ЕУ и Канада.

„Пред шест дена, рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ги разниша самите темели на слободниот свет. Мислеше дека може да го натера да се потчини на неговите закани. Но, погрешно пресмета кога ја нападна Украина. Мислеше дека може да налета на „Украина без светот да реагира. Наместо тоа, тој се сретна со ѕид што никогаш не го очекуваше или замислуваше. Тој се сретна со украинскиот народ“, рече Бајден.

„Се подготвувавме со месеци, формиравме сојузи... Путин сега е поизолиран од светот од кога и да било, бидејќи тие се обединети во борбата против автократијата, демократијата“, рече Бајден. 

„Ние, САД, стоиме покрај украинскиот народ“

Бајден рече и дека Американците стојат покрај украинскиот народ, за што доби аплауз и од демократите и од републиканците.

„Украинците се инспирација за светот. Граѓаните ги блокираат тенковите со своите тела, сите од студенти до пензионери станаа војници и ја бранат својата татковина“, рече тој.

„Ние, САД, стоиме покрај украинскиот народ“, рече Бајден.

Бајден ги помеша Украинците со Иранците

„Путин може да го опколи Киев со тенкови, но никогаш нема да ги освои срцата и душите на иранскиот народ“, рече американскиот претседател Бајден, помешувајќи ги Украинците со Иранците.

„Путин започна насилство и хаос“

Научивме лекција низ историјата, кога диктаторите не ја плаќаат цената за својата агресија, тогаш предизвикуваат уште поголем хаос.Затоа НАТО е создаден за да обезбеди мир и стабилност во Европа по Втората светска војна. САД е членка на тој сојуз заедно со 29 други земји. Тоа е важно, американската дипломатија е важна“, рече Бајден.

„Путин започна насилство и хаос. Но, иако може да постигне придобивки на бојното поле, тој ќе плати висока цена на долг рок“, додаде тој.

Бајден рече дека САД ќе се справуваат и со руските олигарси кои го поддржуваат Путин.

„Вечерва им кажувам на руските олигарси и корумпираните лидери кои изградија милијарди долари на овој насилен режим, доста е. Американското Министерство за правда собира работна група која ќе ги испита руските олигарси за нивните злосторства“, рече тој.

Бајден додаде дека САД, заедно со 30 други земји, работат на ослободување на 60 милиони барели нафта од резервите ширум светот. „Ќе ни биде добро. Војната на Путин во Украина ќе ја ослаби Русија, но ќе го направи остатокот од светот посилен“, рече тој.

Рампа за руски авиони

Како што претходно беше најавено, Бајден потврди дека ќе го затвори воздушниот сообраќај на САД за руските авиони: „Вечерва објавувам дека ќе им се придружиме на нашите сојузници во затворањето на воздушниот простор на САД за сите руски летови, дополнително изолирајќи ја Русија и вршејќи дополнителен притисок врз нивната економија“.

„Путин нема поим што му се подготвува“, рече Бајден.

„САД нема да се вклучат во конфликт со Русија во Украина“

Бајден повтори дека САД нема да испратат војници во Украина по руската инвазија.

„Да бидам јасен, нашите сили не се ангажирани и нема да се вклучат во конфликт со руските сили во Украина“, рече Бајден, додавајќи дека американските трупи се распоредени низ Европа, не за да се борат во Украина, „туку за да ги бранат нашите сојузници во НАТО“. „Во случај Путин да одлучи да го нападне Западот.


Слично

Поврзани вести