БАЈДЕН ДАДЕ ПРЕЦИЗЕН ОДГОВОР НА ПРАШАЊЕТО ЗА НУКЛЕАРНА ВОЈНА: Им кажа само едно на новинарите !
Претседателот на САД им даде јасен одговор на новинарите на прашањето за нуклеарната војна.
Претседателот Џо Бајден ги отфрли сомнежите дека тензиите меѓу Вашингтон и Москва во врска со украинската криза ќе ескалираат во нуклеарна војна, негирајќи дека Американците имаат било каква причина да се грижат за ризикот од таков конфликт.
На прашањето на новинарите дали Американците треба да бидат загрижени за нуклеарната војна, Бајден кратко одговори: „Не“. Прашањето дојде спонтано додека Бајден и првата дама Џил Бајден поминаа покрај група новинари во понеделникот за време на настан во Белата куќа.
Reporter: "Should Americans be worried about nuclear war?"
— Disclose.tv (@disclosetv) February 28, 2022
Biden: "No."pic.twitter.com/3a0eU4RlPc
Исто така денеска, секретарот за печат на Белата куќа Џен Псаки рече дека американскиот претседател Џозеф Бајден нема да испрати американски војници во Украина за да се борат против Русија.
„Претседателот беше многу јасен кога рече дека нема да испрати војници во Украина да се борат против Русија“, изјави Псаки за новинарите, пренесе ТАСС.
Таа додаде дека воспоставувањето зона на забранети летови над Украина од страна на американската администрација ќе доведе до директен конфликт со Русија.
Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин во неделата го стави нуклеарното оружје во состојба на висока готовност. Москва рече дека овој потег е направен барем делумно како одговор на коментарите на британската министерка за надворешни работи Лиз Трус, која за Скај њуз изјави дека другите источноевропски земји ќе бидат загрозени доколку Путин не биде запрен во Украина, што ќе доведе до конфликт со НАТО.