БАЈДЕН БЕШЕ ВО КИЕВ, НО СО ДОГОВОР СО РУСИЈА, БЕЛАТА КУЌА ПОТВРДИ: Москва дала безбедносни гаранции
Непосредно пред
посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден на Украина, САД стапиле во
контакт со Русија со цел да се отфрлат грешки кои би можеле да доведат до
директна конфронтација меѓу двете нуклеарни сили, јавува агенцијата „Асошиејтед
прес“, повикувајќи се на Белата куќа.
- Белата куќа не соопшти детали, но наведе дека основната комуникација со руската страна била да се исклучат конфликтните ситуации непосредно пред посетата на Бајден, а се со цел да се избегнат грешките кои би довеле до директен конфликт меѓу двете нуклеарни сили, информира агенцијата.
Истовремено и заменик-шефот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден, откако претходно добил безбедносни гаранции, конечно заминал во Киев.
Американскиот претседател денеска беше во ненадејна посета на Киев и се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој вети дополнителна американска помош од половина милијарда долари за Украина, како и друга пратка на критична опрема, вклучувајќи артилериска муниција, противтенковски системи и радари за воздушно набљудување, како и дополнителни санкции за компаниите и елитите кои се обидуваат да му помогнат на руската воена машина.
EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS SERVICE