Економија, финансии, бизнис

Контакт

Баербок вели дека во Молдавија состојбата е екстремно критична

Баербок вели дека во Молдавија состојбата е екстремно критична

Teнзиите во Молдавија ја загрижуваат  европската јавност. Има стравувања дека војната од Украина може да се прелее во оваа земја. 

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок денеска пред Парламентот изјави дека ситуацијата во Молдавија е „екстремно критична“ и  дека се уште не е познато кој стои зад неодамнешните напади во молдавскиот проруски регион Трансинистрија.

Украинската заменик министерка за надворешни работи Емине Џапарова денеска изјави дека Русија ќе ја искористи ситуацијата во Трансинстрија, одметнатиот проруски регион за да изврши нови напади врз Украина, па дури и врз Молдавија.

Руското Министерство за надворешни работи објави дека Русија „сака да избегне сценарио во кое Москва мора да интервенира“. 

Прорускиот регион од 420.000 луѓе е отцепен од Молдавија и е доста сиромашен. 

Регионот, во кој главно се зборува руски, се отцепи од тогашната советска Молдавија во 1990 година. По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, проруските сепаратисти водеа крвава војна со молдавските владини сили.

Слично

Поврзани вести