Бабун остави без струја илјадници туристи со саати
Познатото туристичко место Водопадите на Викторија остана без струја со саати откако бабун допрел електрична станица. Од електричниот удар дошло до голем дефект кој оставил без струја илјадници туристи.

Сепак, бабунот кој од електричната компанија го нарекоа „љубопитното животно“ успеал да го преживее струјниот удар и потоа е предаден на група која се занимава со заштита на животинскиот свет во Замбија.
Ваквиот необичен инцидент предизвика сатирични коментари на социјалните мрежи кои бабунот го нарекоа саботер.
Слично
