Економија, финансии, бизнис

Контакт

Азовците добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол

Азовците добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол

Од Азов велат дека им е наредено да престанат да го бранат украинскиот град Мариупол. 

Командантот на украинскиот полк  Азов, Денис Прокопенко, се обрати до јавноста и кажа дека добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол, односно да ги спасат животите на борците. Вели дека сите цивили од Азовстал се евакуирани, а на тешко ранетите војници им е пружена медицинска помош. 

Украина се надева дека овие борци ќе бидат разменети. Како што кажа претседателот Володимир Зеленски, овие борци нив им се потребни живи. 

Мариупол е градот кој е скоро целосно уништен во воените дејствија во Украина.

Пред 86 дена Русија ја нападна Украина и засега нема примирје. 

Слично

Поврзани вести