Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЗОВ ОБЈАВИ АЛАРМАНТНИ ФОТОГРАФИИ ОД ЧЕЛИЧАРНИЦАТА: „Светот мора да види во какви услови се бориме внатре во Азовстал“

АЗОВ ОБЈАВИ АЛАРМАНТНИ ФОТОГРАФИИ ОД ЧЕЛИЧАРНИЦАТА: „Светот мора да види во какви услови се бориме внатре во Азовстал“

Борците на Азов објавија најнови фотографии од челичарницата Азовстал, на кои се гледаат тешките услови во кои моментално живеат, со барање до меѓународната заедница за помош, но и порака дека нема да се предадат.

„Цивилизираниот свет мора да ги види условите во кои се наоѓаат ранетите, осакатените бранители на Мариупол и да реагира! Во целосно нехигиенски услови, со отворени рани завиткани во нестерилизирани завои, без потребните лекови, па дури и храна. Ги повикуваме ОН и Црвениот крст да ја покаже хуманоста и војниците што ги гледате на фотографиите и стотици други во фабриката Азовстал кои ја бранат Украина по цена на сопственото здравје и животи. Дали Украина и светската заедница сега не можат да ги заштитат“, стои во објавата на Рвитер, објави Азов со фотографии.

Баталјонот побара „итна евакуација на ранетите војници на териториите под контрола на Украина“, каде би можеле да добијат соодветна нега.

Велат дека предавање не доаѓа предвид и покрај условите во кои живеат и се борат, како и недостигот на храна и лекови.

„Нема да се предадеме. Предавањето значи смрт“, изјави, Свјатослав Паламар.

ФОТО: Твитер

Слично

Поврзани вести