Азов може да бидaт прогласени за терористичка организација
Рускиот Врховен суд ќе одлучи дали Азов ќе бидат прогласени за терористичка организација.
Ова го бараат руските власти. Руската новинска агенција Интерфакс објави дека Министерството за правда во Москва соопштило дека судскиот случај за прогласување на украинската паравоена националистичка група Азов како терористичка организација и забраната за нејзините активности на територијата на Руската Федерација е закажан за судење на 26 мај“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков претходно одби да коментира дали бранителите на челичарницата кои сега се во руски притвор ќе бидат третирани како воени затвореници или како воени злосторници. Азов е формиран во 2014 година, веднаш откако Москва го анектираше јужниот украински полуостров Крим, за да се бори против руските сили и проруските бунтовници во источниот регион Донбас.
Полкот подоцна беше вклучен во Националната гарда на Украина. Битката во Мариупол заврши.
