Азиските берзи забележаа пад и притисок на нафтениот сектор
Азиските индекси ја завршија неделата на црвена територија по наглите падови во цените на стоките и на сè поголемите очекувања дека Банката на федерални резерви на САД ќе ги укине каматните стапки во декември.
Цените на нафтата го достигна најниското ниво во последните два месеци откако властите во САД соопштија за голем раст во резервите. На азиските пазари американскката сурова нафта „WTI“ се тргуваше со 0,5% намалување за 41,55 долари по барел.
Денеска златото го достигна шестгодишно дно, а цената на бакарот падна на најниско ниво во последните шест години, во голема мера поради силниот долар и загриженоста за кинеската економија.
Во САД главните индекси на „Wall Street“ запишаа намалувања од над 1% во четвртокот, што е најслабата дневна презентација од 28 септември.
Главниот кинески индекс „Shanghai Composite“ го заврши тргувањето во петокот со 1,4% пад. За 5% поевтинија акциите на „Baoshan Iron & Steel Co“ и „China Northern Rare Earth“. Акциите на „PetroChina“ и „Sinopec“ поевтинија соодветно за 1,9 и 2,1%.
Индексот на Хонг Конг „Hang Seng“ се намали за 2,2%, откако производителот на алуминиум „Rusal“ забележа 11% пад на добивката за третиот квартал и акциите поевтинија за 2,4%.
Јапонскиот индекс „Nikkei 225“ запиша пад од 0,5%, но интересот за акциите на банките се компензираа со дел од падот.
Акциите на „Mitsubishi UFJ Financial Group“ поскапеа за 1,5%, откако компанијата објави план за откуп на акциите во вредност од 100 милијарди јени.
Акциите на „Toshiba“ паднаа за 5,9%, откако електронскиот гигант потврди дека „Westinghouse“ предвидува загуби во 2012 и 2013 година.
Австралискиот индекс „S & P ASX 200“ забележа намалување од 1,5% и го достигна најниско ниво од 2 октомври, најмногу поради незадоволителната презентација на компаниите во секторот на ресурсите.
Јужнокорејскиот индекс „Kospi“ запиша пад од 1% и ја заврши трговијата на шестседмично дно. Акциите на „Kia Motors“ и „Hyundai Motor“ поевтинија за над 2%.
Малезиската економија порасна за најспората стапка во последните две години во третиот квартал - 4,7% и главниот индекс „KLCI“ запиша пад од 0,1%.
