Економија, финансии, бизнис

Контакт

Азиска држава го поевтинува вадењето пасоши за младите повеќе да патуваат

Азиска држава го поевтинува вадењето пасоши за младите повеќе да патуваат

Јапонија го поевтинува вадењето пасоши за младите да патуваат повеќе во странство. 

Јапонскиот парламент денеска ги усвои измените на законот за пасоши, намалувајќи ги таксите за поднесување барање за издавање пасош.

Таксата за пасош со важност од 10 години за подносителите на возраст од 18 и повеќе години ќе се намали од сегашните 16.300 јени на 9.300 јени за барањата поднесени на шалтерите за тие услуги, пренесува Кјодо.

Пониските такси ќе се применуваат на барањата поднесени од 1 јули.

Сегашните такси од 11.300 јени за лицата на возраст од 12 до 17 години и 6.300 јени за децата под 12 години ќе бидат заменети со единствена такса од 4.800 јени. Онлајн кандидатите ќе добијат попуст од 400 јени, без оглед на типот на пасошот.

Голем дел од Јапонците патуваат во земјите во Азија. Често ги посетуваат Јужна Кореја, Виетнам, Тајланд и Кина. 

foto freepik.com/valeria_aksakova

Слично

Поврзани вести