Економија, финансии, бизнис

Контакт

Азилантски бран кон Европската Унија

Азилантски бран кон Европската Унија
Расте бројот на баратели на азил во Европската унија во вториот квартал од годината. Според анализата на Евростат, најодговорни за ова се граѓаните од Русија и Косово. Над 100 илјади барања во 27-те земји членки се поднесени во вториот квартал, што претставува зголемување од 50 проценти на годишно ниво, објави Евростат. Притоа најголем број апликации за азил има во Германија (26.400), а потоа следуваат Франција (16.424), Унгарија и Велика Британија (околу 9.000) и Италија (околу 6.000 барања). Најголем број барања за азил во ЕУ во второто тримесечје на годинава поднеле државјани на Русија (16.845), Сирија (8.310), Косово (8.140), Авганистан и Пакистан (по околу 6.000) и Сомалија (4.285). Како што вчера јави ДПА, бројот на баратели на азил во Германија е зголемен за 71 процент во септември во однос на истиот месец минатата година. Вкупниот број барателите на азил во најголемата економија во Европа изнесува 74.000 лица за периодот јануари-септември, што е раст од 85 отсто во однос на истиот период минатата година.
Слично

Поврзани вести