Азилантите ја натераа ЕУ да создаде механизам за враќање на визите
Министрите за внатрешни работи на земјите- членки на Европската унија се заложија за усвојување на „заштитната клаузула“, која овозможува суспензија на безвизниот режим за земјите од Западен Балкан.
Овој механизмот предидува враќање на визите за период од шест месеци за земјите од кои доаѓаат голем број мигранти или азиланти.
Според шведскиот министер за внатрешни работи Тобијас Билстрем, главна тема на состанокот не била повторното враќање на визите за земјите од Западен Балкан, туку разгледувањето на мерките за решавање на проблемот со лажаните азиланти.
Заклучоците од состанокот во Луксембург ќе бидат претставени пред министрите за внатрешни работи од земјите од Западен Балкан на состанокот во Тирана, во месец ноември, појасни еврокомесарката за внатрешни работи Сесилиа Малмстром. Германскиот државен секретар за внатешни работи Оле Шредер од своја страна оцени дека најголемиот број од министрите се согласуваат се злоупотребува правото на азил и најави дека германската Влада планира нови мерки за скратување на постапката за давање азил, но и намалување на финансиската помош која им се дава на барателите. Швајцарија тоа го направи во август и во септември бројот на азилантите од Западен Балкан драстично се намали. Министерка за внатрешни работи на Кипар, Елени Мавру побара од земјите од Западен Балкан да донесат мерки против злоупотребата на визниот режим. Министрите за внатрешни работи на ЕУ побараа заштитната клаузула за суспензија на безвизниот режим да биде усвоена колку што побрзо.
Слично
