Азербејџан се обидел да го наруши територијалниот интегритет на Ерменија
Азербејџан се обидел да го наруши територијалниот интегритет на Ерменија.
Ерменскиот претседател, Армен Саркисјан, денеска ги повика државните органи да преземат мерки. Тој ја повика меѓународната заедница и сите заинтересирани земји „да покажат дека не толерираат вакви дела и да заземат цврст став и да ги осудат азербејџанските постапки“.
„Азербејџанските сили отворија оган кон позициите каде се наоѓаат ерменските воени сили на границата во провинцијата Гегаркуних. Имаше жртви од ерменска страна. Апелирам до соодветните државни структури да вложат максимални напори и да преземат силни мерки против ваквите обиди и прекршувања на законите на границата, како што се заканите и територијалниот интегритет на Ерменија“, рече Саркисјан, пренесен од Тасс.
Официјален Баку претходно уште одговори дека тие не пукале врз ерменската армија и дека немаат никаква врска со смртта на еден ерменски војник.
Ерменското Министерство за одбрана претходно информираше дека еден ерменски војник е убиен при пукање во провинцијата Гегаркуних.