Азербејџан му се извини на Путин за убиството на руските војници во Нагорно - Карабах, нудат уште нешто
Азербејџан му се извини на рускиот претседател Владимир Путин за убиството на руските војници во регионот Нагорно - Карабах. Азербејџанските војници го изрешетале возилото во кое биле војниците. Руските војници пишуваат дека веќе има приведени за нападот.
Група руски војници се убиени во еднодневниот конфликт во регионот, а Њузвик пишува дека меѓу нив бил и заменик-командантот на подморничките сили на Северната флота на Русија, Иван Ковган. За инцидентот од вчера, претседателот на Азербејџан телефонски му се извини на рускиот лидер Владимир Путин.
Претседателот Илхан Алиев му вети на Путин дека ќе соработува во истрагата и изрази сочувство за загинатите. Тој понудил отштета за семејствата на руските војници.
Според руското Министерство за одбрана, мировниците се погодени од огнено оружје додека се возеле кон набљудувачката станица, а целиот персонал во возилото е убиен на самото место.
Алиев и Путин разговараа и за ситуацијата во Нагорно-Карабах и важноста од спроведувањето на руското примирје меѓу Баку и бутновничките власти во регионот. Руската страна истакна дека безбедноста и правата на ерменските жители во регионот мора строго да се почитуваат.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев се извини за убиствата на руските мировници во Нагорно Карабах и вети дека ќе соработува со истрагата за инцидентот во средата, соопшти Кремљ.
Азербејџан и етничките Ерменци кои живеат во Нагорно-Карабах денеска не успеаја да постигнат мировен договор, туку само договор за прекин на огнот. Баку сега ја чека реакцијата на ерменските власти за нацрт-договорот кој Алиев им го дал на Ерменците. Ерменскиот премиер Никола Пашанјан за Ројтерс изјави дека Ерменците во Нагорно - Карабах се чувствуваат напуштени од Западот, Русија и од Ерменија. Азербејџан има блиски врски со Турција и е партнер со НАТО Алијансата од 1992 година, по распадот на СССР.
Нагорно-Карабах се одвои од Азербејџан во последните години на СССР, затоа што неговото доминантно етничко ерменско население бараше независност.
Во 2020 година, имаше војна во Нагорно-Карабах, кое заврши со тоа што Баку ја врати контролата врз големи делови од територијата што ја загуби во 1990-тите. Руските мировни сили требаше да ја гарантираат безбедноста во регионот.
фото: твитер/принтскрин
