Економија, финансии, бизнис

Контакт

Азербејџан ќе тестира комбинација од две вакцини

Азербејџан ќе тестира комбинација од две вакцини

Започнува тестирање на комбинацијата вакцини на Астра Зенека и Спутник во Азербејџан.  Првите резултати се очекуваат во март.

Тестирањето на комбинација на руската вакцина Спутник V и вакцината против коронавирус на Астра Зенека ќе започне следната недела во Азербејџан и во некои други земји од Блискиот исток, изјави денеска руски официјален претставник.

Астра Зенека во декември објави дека ќе започне клинички испитувања за тестирање на комбинацијата на двете вакцини за да се види дали може така да се зголеми ефикасноста на британската вакцина. Двете вакцини се даваат во две дози и користат безопасни аденовируси како вектори за пренесување на генетски упатства до телото за клетките да создадат антитела. Спутник, сепак, користи различни вирусни вектори во двете дози.

Испитувања за комбинирани вакцини ќе има и во Аргентина, Саудиска Арабија, ОАЕ, Белорусија, Русија и Украина, објави Ројтерс. Учесниците прво ќе добијат вакцина на Астра Зенека, а 29 дена подоцна и доза од Спутник V.

Во Азербејџан над 3.000 луѓе починаа од коронавирусот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести