Економија, финансии, бизнис

Контакт

Азербејџан ги нуди телата на сто загинати ерменски војници на Ереван

Азербејџан ги нуди телата на сто загинати ерменски војници на Ереван

Баку понуди да ги предаде на Ерменија телата на сто загинати ерменски војници кои настрадаа во судирите на граница деновиве. Но, медиумите јавуваат и дека има 50 загинати војници на Азербејџан. 

Германската Влада денеска ги повика Ерменија и Азербејџан да го прекинат конфликтот што ја загрозува безбедноста на целиот регион.

„Германската Влада е длабоко вознемирена од извештаите за судири долж ерменско-азербејџанската граница, насочени главно кон цивилна инфраструктура и станбени згради“, порачаа германските власти. 

Ерменија апелираше за помош од Русија според договорот за меѓусебна соработка, како и од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ЦСТО) предводена од Москва, со која во моментов претседава Ереван.

Кремљ одби да го коментира барањето, велејќи само дека претседателот Владимир Путин „ги презема сите мерки за да помогне во деескалација на тензиите“.

Мисијата ќе има задача „да ја процени моменталната ситуација“ и „да подготви предлози за деескалација на тензиите“ меѓу Ерменија и Азербејџан.

Детален извештај, исто така, се очекува пред седницата на советот на ЦСТО есенва, соопшти организацијата.

Во мисијата ќе има претставници од земјите-членки Русија, Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан.

Во 2020 година Ерменија и Азербејџан војуваа  околу спорниот регион Нагорно-Карабах.

Слично

Поврзани вести