Економија, финансии, бизнис

Контакт

Азербејџан ги стопира воените дејства во Нагорно-Карабах

Азербејџан ги стопира воените дејства во Нагорно-Карабах

Азербејџан донесе одлука еднострано да ги прекине контрамерките во зоната на конфликт во Нагорно-Карабах, пишува ТАСС, повикувајќи се на соопштение на азербејџанското Министерство за одбрана.

„Како одговор на настојчивите апели на меѓународните структури и како резултат на мирољубивата политика на државата, вооружените сили на Азербејџан еднострано ги прекинуваат контранападите и контрамерките против непријателот на окупираните територии и се донесе одлука да се започнат организација за зајакнување на одбраната во ослободените територии"- пишува во соопштението.

Министерството нагласи  дека ако од ерменска страна продолжат „провокациите и бомбардирањето на населени места и позиции на азербејџанската армија, вооружените сили на Азербејџан ќе продолжат со поенергични операции за ослободувањето на териториите и обезбедување на територијалниот интегритет на земјата со користење на сите расположливи средства во вооружените сили.

Најмалку 30 луѓе загинаа од двете страни во борбите шти се водат во Нагорно Карабах, a досега има i три цивилни жртви.

Слично

Поврзани вести