Автостопер добил превоз од најскромниот претседател во светот
Лицето кое на Хералд Акости му понудило превоз во своето возило му рекло дека може да го пренесе само до претседателската палата, а младиот автостопер наскоро сфатил и зошто, бидејќи зад воланот седел лично уругвајскиот претседател Хосе Мухика.
Хералд Акоста на својот Фејсбук профил прикачил слика на која наводно се вози заедно со Хосе Мухика или барем така раскажал Акоста и за дневниот весник „Ел Обсерваторе“, наведувајќи дека Мухика му понудил превоз на петти јануари додека тој стопирал автомобили.
Тој нагласил дека десетици автомобили поминале покрај него додека стоел со подигната рака на автопатот на југозапад во Уругвај.
Тој не ги препознал веднаш патниците во автомобилот кои конечно застанале и му се понудиле да го пренесат, иако „жената му изгледала како да му е позната“.
„Кога влегов во колата си реков себе си оваа жена од некаде ми е многу позната“, рекло младото момче алудирајќи притоа на Мухиковата сопруга, Лусија Тополански.
По извесно време сватил кои се негови сопатници.
„Не можев да верувам дека ме вози претседателот!“ изјавил за „Ел Обсерваторе“ Акоста кој својата авантура ја споделил на Фејсбук каде поставил неколку фотографии од маж и жена кои многу личат на уругвајскиот претседателски пар.
Во колата со нив било и нивното куче Мануел.

Слично